САД го повика Косово да го ратификува договорот за границата со Црна Гора
САД ги повикаа парламентарните политички партии во Косово да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора, посочувајќи дека одложувањето и штети на довербата и угледот на Косово во странство.
Преку соопштение, американската амбасада во Приштина побара од Владата на Косово повторно да го процесуира договорот во парламентот и пратениците „да го ратифкуваат без никакво одложување“.
- Време е да се стави крај на политичките пречки во Република Косово, така што Парламентот и Владата ќе почнат да бележат напредок и во други прашања од витално знаење за доброто на граѓаните на Косово. Одложувањето на ратификацијата е на штета на слободното патување на косовските граѓани во Европа, се наведува во соопштението.
Во соопштението уште стои, дека демаркационата (граничната) линија со договорот е правилно одредена и оти тоа било утврдено и од страна на американски експерти.
Косовската влада требаше на вчерашната седница да одлучи документот да го достави до парламентот за усвојување в среда. Но седницата на Владата, е одложена за утре, бидејќи во салата за состаноци дошле само министрите од Демократскиот сојуз на Косово, на премерот Иса Мустафа, додека членовите на Владата од Демократската партија на Косово и другите коалициски партнери отсуствувале.
Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора е потпишан во 2015 година. На истиот се спротивставуваат опозициските партии, кои обвинуваат дека со овој документ Косово губи над осум илјади хектари земјиште. Кога документот беше ставен на дневн ред на парламентот, опозициските пратеници фрлаа солзавец во собраниската сала.
Инаку, на седницата која треба да се одржи утре, на дневен ред треба да биде и барањето за изгласување недоверба на премиерот Мустафа.
Ново на Сител
-
За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени
-
Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
-
Кавадарчанец при реновирање во ѕидот од домот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил
-
Контролорите на летање најавуваат штрајк доколку не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ
-
Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април
-
Приведен 20-годишник од Скопје, возел со 121 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Ракета на СпејсИкс експлодираше за време на тест | ВИДЕО
-
Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти