САД го отфрлија повикот на Москва за итна средба за прекршувања на примирјето во Сирија
САД денеска го отфрлија повикот на Москва за итна средба заради прекршувњата на тринеделното примирје во Сирија и соопштија дека нивните забелешки веќе се разгледуваат во конструктивен дух, пренесуваат британските медиуми.
Претходно денеска Русија предупреди дека е подготвена од утре да почне со еднострана употреба на сила против вооружените формации кои системски го прекршуваат примирјето во Сирија, доколку не добие одговор од САД на своите предлози за контрола врз режимот за прекин на огнот. Барањето за итна средба го соопшти началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, Сергеј Рудскок.
-Ние ги видовме медиумските написи за некакви руски стравувања за прашањето за прекршување на примирјето. Оној што ги дава таквите соопштенија се чини не е добро информиран затоа што овие прашања веќе се разгледуваат и ќе продолжат да се разгледуваат во конструктивен дух, изјави во Женева американски претставник, цитиран од британските меидуми.
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид