Свет
13. July 2017 - 15:02

САД го достигнаа годишниот лимит од 50.000 баратели на азил

САД го пополнија годишниот лимит од 50.000 баратели на азил одреден од Администрацијата на претседателот Доналд Трамп за тековната фискална година, што сепак не значи дека следните месеци во земјата нема да бидат примани нови бегалци, туку за нив само ќе важат построги правила.

Од почетокот на фискалната година, во октомври лани, по досега, во САД пристигнале 50.086 азиланти. За сите нив важи процедурата за детална проценка.

Минатиот месец, Врховниот суд одлучи дека властите треба да прифатат повеќе од 50.000 барања за азил, доколку поднесувачот може да го докаже својот т.н. „bona fide" однос со американски државјанин или институција.

Тоа значи дека лицата кои допрва ќе поднесат барање за азил, ќе треба да докажат дека имаат роднини во земјата, стабилна работа или дека се примени на некој од американските колеџи и универзитети.