САД гледаат неповторлива шанса за членство во ЕУ по приемот на Македонија во НАТО
Европската интеграција на Северна Македонија е силно поддржана од САД порачал американскиот заменик помошник државен секретар за регионот Ескобар на средба со премиерот Ковачевски во Њујорк
„САД, високо го ценат учеството на Република Северна Македонија во мировните мисии, одговорното партнерство во НАТО и придонесот на земјава во стабилноста на Западен Балкан и со тоа и на Европа.
Од овие причини, во Северна Македонија се гледа доверлив партнер на САД. И, во таа насока на средбата Ковачевски-Ескобар споделено е очекувањето дека сите политички субјекти во земјава ја имаат предвид историската и неповторлива шанса за ефикасен процес на зачленување во Европската Унија, по полноправното членство во НАТО“, информаираат од Владата.
Во рамки на повеќедневната посета на САД, шефот на државата Пендаорвски и министерот Османи во својство на претседавач со ОБСЕ, се обратија и отворена дебата на Советот за безбедност на ОН на тема поврзана со одржување на мирот и безбедноста во Украина.
Најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина. Единствениот начин да се постигне оваа цел е преку дипломатија и преговори, засновани на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.
За таа цел, првиот чекор треба да биде итно и безусловно примирје, за да се создаде амбиент за почеток на преговорите. Во текот на целиот процес, Обединетите нации треба да воспостават мировна мисија со главна задача да го надгледува примирјето и хуманитарната помош за цивилите, порача претседателот Пендаровски.
Постои закана и самиот мултилатерализам да стане жртва на оваа агресија, меѓународните форуми како овој да се заменуваат со бојното поле, а аргументите со брутална сила, без придобивка за никого. Па, објаснете ми: кој добива од оваа војна?“, рече Османи.
Руската воена агресија врз Украина била во фокусот и на традиционаланата трансалтантска вечера на која како што информираат од МНР Осамни присуствувал на покана на американскиот државен секретар Блинкен.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар