САД ги зголемија царините на кинеската стока, Пекинг презема контрамерки
Американските царини на 200 милијарди долари увоз од Кина се зголемени утрово од 10 на 25 отсто, што претставува нова ескалација во трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.
Кина претходно се закани дека ќе одговори со иста мерка доколку САД ги зголемат царините.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на тој начин ја интензивира трговската војна со Кина, за која тврди дека ги прекршила ветувањата дадени во текот на преговорите.
Зголемувањето на царините стапи во сила, иако во Вашингтон се во тек разговори меѓу двете страни, кои ќе продолжат денеска, бидејќи вчера завршија неуспешно.
Кинеската Влада соопшти дека ќе преземе „неопходни контрамерки“ како одговор на најновото зголемување на американските царини на кинеската стока, без да наведе повеќе детали.
Кинеските регулаторни тела, исто така, почнаа да ја отежнуваат работата на американските компании во Кина, забавувајќи ги царинските прегледи за нивните производи и заострувајќи го регулаторниот надзор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток