САД ги повикаа ирачките Курди да се откажат од референдумот за независност
Белата куќа синоќа оцени дека планот на властите на автономниот регион Ирачки Курдистан за организирање референдум за независност, ќе има негативни последици врз напорите за уништување на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и ги повика да се откажат од идејата за вакво референдумско изјаснување.
- Ја повикуваме регионалната Влада на Ирачки Курдистан да се откаже од референдумот (за независност) и да започне сериозен дијалог со Багдад, кој САД се подготвени да го помогнат, се наведува во соопштение на Белата куќа.
Реакцијата на Вашингтон уследи откако Парламентот на Ирачки Курдистан вечара го одобри планот за одржување референдум за независоност на регионот на 25 септември.
Владата во Багдад е против ваквиот референдум и смета дека одлуката на властите на Ирачки Курдистан е незаконска и во спротивност со Уставот на Ирак, кој на Курдите им гарантира широка политичка и економска автономија во деловите на земјата во кои се мнозинство.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје