-->
-->
САД „енергично“ ја осудуваат „антисемитската“ толпа во руски Дагестан
-->
САД ги осудуваат „антисемитските протести“ што го потресоа аеродромот во Дагестан, откако се проширија гласини дека таму слетал авион од Израел, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
„САД недвосмислено стојат со целата еврејска заедница додека сме сведоци на светски пораст на антисемитизмот.
Никогаш нема никакво оправдување за антисемитизмот“, напиша таа на X (Твитер) за синоќешниот обид за напад на евентуални израелски граѓани.
Антисемитска толпа синоќа упадна на аеродромот во Махачкала, откако таму слета авион од Тел Авив.
Според медиумите, оние кои упаднале на аеродромот извикувале антисемитски слогани и вееле палестински знамиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри