-->
-->
САД: Бомбардирањето хуманитарен конвој е сериозен удар за примирјето во Сирија
-->
Бомбардирањето хуманитарен конвој во Сирија нанесе сериозен удар врз примирјето во државата, изјави во Вашингтон висок американски претставник.
- Тој напад нанесе сериозен удар врз нашите напори и сега Русија треба да покаже сериозност за намерите не само со зборови, туку и со акции да изврши притисок врз сирискиот претседател Башар Асад да го почитува примирјето, навел претставникот кој побарал анонимност.
Според друг претставник на американската администрација, не се знае дали може да се спаси примирјето во Сирија.
– Тоа беше тежок и тензичен ден во Сирија кој покрена многу сериозни прашања за тоа дали може Русија да го исполни својот дел од договорот за прекин на огнот, додал изворот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија