-->
-->
САД: Бомба причина за падот на рускиот авион над Синај
-->
Американски претставници соопштија денеска дека пресретната разузнавачка преписка ја поддржува теоијата дека бомба го соборила авионот над полуостровот Синај во Египет минатата недела.
Американски и европски претставници, меѓутоа, предупредија, дека конечниот форензички доказ дека авионот се урнал поради бомба се уште недостасува, како и дека се уште не е исклучена можноста дека до падот дошло поради механички дефект.
Неименуван извор рече дека постојат контрадикторни разузнавачки податоци за тоа каде би можела да биде скриена бомбата во авионот.
Авионот „Ербас А321“ на компанијата „Когалимавиа“ се урна на 31 октомври на летот кон Санкт Петербург од Шарм ел Шеик, и загинаа сите 217 патници и седум членови на екипажот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование