САД блокирале сметки на земји спонзори на тероризмот, во вредност од 2,3 милијарди долари
Американското Министерство за финансии минатата година ги блокирало сметките на неколку земји спонзори на тероризмот, во вкупна вредност од 2,3 милијарди долари, се посочува во годишниот извештај на оваа институција, што е поднесен во Конгресот, пренесе ТАСС.
Сметки со околу 2,3 милијарди долари, поврзани со четири (веќе се три) држави спонзори на тероризмот, се блокирани во согласност со економските санкции, усвоени од САД на 31 декември 2015 година, пишува во извештајот. Во него се зборува за Куба, која од крајот на мај минатата година е извадена од вашингтонскиот список на земји под санкции, а се вклучени и Иран, Сирија и Судан.
САД на кубанските власти во текот на 2015 година им замрзнале сметки во вредност од 243,2 милиони долари, на исламската република за 1,98 милијарда долари, на Судан за 30,9 милиони долари и на Сирија за 25,9 милиони долари.
Реализацијата на програмата за борба со меѓународните терористички организации доведе до блокирање на сметки на територијата на САД во вредност поголема од 37 милиони долари, се дополнува во извештајот.
Конкретно, на Ал Каеда и се замрзнати сметки во вредност од 13 милиони евра, на Гардата на исламската револуција (елитните ирански вооружени сили) за 14,1 милиони долари, на либанската група Хезболах за 8,2 милиони долари, на палестинското движење Хамас за 1,25 милиона долари, и на терористичката група Исламска држава за 131.300 долари.
Ново на Сител
-
Нови цени на 2.500 производи – викендов стартува Законот за нефер трговски практики
-
Одлуката на Уставен ќе ги седне на маса Владата и здруженијата против присилна наплата на долгови
-
Долгот во здравството намален за 2 милијарди денари
-
Инспектори од други градови ќе ги ловат загадувачите во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за бранителите останува заглавен - Гаши нема да ја свика комисиската расправа
-
Орбан пристигнува во Охрид, градот под засилен безбедносен режим
-
Борисов: Албанија оди напред, Македонија ги трпи последиците од своето однесување