Сачева: Ќе организираме протести во одбрана на Борисов
Деница Сачева изјави дека ГЕРБ се подготвува да одржи протест во одбрана на партискиот лидер Бојко Борисов, јави дописникот на МИА од Софија. Партискиот врв на ГЕРБ се собра пред домот на Бојко Борисов во градот Банкија во близина на Софија. Тома Биков соопшти дека ги известиле високите претставници на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел.
Во домот на Борисов бил примен само неговиот адвокат Менко Менков, каде што бил извршен претрес.
Десислава Атанасова, која е лидер на пратеничката група на ГЕРБ во Народното собрание на Бугарија, рече дека Бојко Борисов не бил приведен, туку само бил извршен претрес.
Таа рече дека не контактирале со ниту еден од приведените високи функционери на ГЕРБ. Портпаролката на Основното обвинителство на Бугарија Сијка Милева потврди дека се работи за истрага за злоупотреба на средства од ЕУ и ги упати бугарските медиуми да се обратат до Европското обвинителство. Вчера и денеска шефицата на европското обвинителство Лаура Ковеши беше во посета на Бугарија.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“