Саад Харири сака да остане премиер на Либан
Саад Харири изјави синоќа дека сака да остане премиер на Либан, но неговата одлука ќе зависи од развојот на дискусиите за улогата на либанскиот шиитско движење Хезболах во регионалните конфликти.
- Би сакал да останам премиер, рече Харири за француски медиуми.
- Либан има потреба од човек способен да обединува. Во годината во која бев премиер, ги обединував Либанците. Можеби сум симбол на стабилноста, продолжи тој, но додаде дека проиранската група Хезболах, која е партнер во неговата влада, не оди повеќе да се меша во работите на други арапски земји во регионот.
- Сакам Либан да биде неутрален кон сите конфликти. Хезболах е во Сирија, во Ирак, насекаде, и тоа е поради Иран, истакна Харири кој даде интервју на француски јазик.
Ако Иран и Хезболах го прифатат неговиот предлог, тој ќе остане на функцијата премиер. Но, ако тие одбијат, тој ќе се повлече.
Харири додаде дека дијалогот со Хезболах е многу позитивен. Со својата оставка на 4 ноември во Ријад, тој рече дека сака да предизвика шок во Либан и дека ја донел таа одлука самостојно, а не под притисок на Ријад.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата