-->
-->
С. Ирска и Португалија се пласираа во Франција
-->

Фудбалските репрезентации на Португалија и Северна Ирска изборија пласман на Европското првенство кое наредното лето ќе се игра во Франција.
Португалија и Северна Ирска им се приклучија на Исланд, Чешка, Англија и Австрија кои претходно го осигураа настапот на континеталното првенство.
Португалија во Групата И славеше со голот на Жоао Мутињо над Данска и го обезбеди првото место во групата. За втората позиција се борат Данска и Албанија, Данците со 12 бодови ги завршија квалификациите, додека Албанците имаат 11 бодови и во недела ќе гостуваат во Ерменија. Албанија само со победа во Ереван ќе избори директен пласман на ЕП, во споритвно ќе игра во баражот.
, додека Северна Ирска, во Групата Ф, со триумфот на Грција од 3:1, го оствари најголемиот успех во својата фудбалска историја. Дејвис ги постигна првите два гола за Ирците, потоа Магенис зголеми на 3:0, а Аравидис во 87.минута го постигна почесниот гол за Грција.
Во оваа група за второто место ќе се борат Романија и Унгарија. Романците во финишот стигнаа до бод против Финска, додека Унгарците со пресверт славеа над Фарските острови.
Интересен расплетот ќе биде и во Групата Д, каде Република Ирска, во претпоследното коло, славеше над светскиот првсак Германија со голот на Шејн Лонг, а Шкотска и Полска одиграа 2:2.
Во пресрет на последното коло Германија има 19 бодови, а Полска и Ирска по 18. На Германците им е потребен бод во последниот меч против Грузија, додека Полска и Ирска во меѓуебниот дуел ќе решат која ќе биде втората селекција од оваа група која директно ќе патува во Франција.
Резултати:
Група Д:
Грузија-Гибралтар 4:0
(Ватсадзе 30, 45, Окриашвили 35, Казашвили 87)
Ирска-Германија 1:0
(Лонг 70)
Шкотска-Полска 2:2
Ричи 45, Флечер 62-Левандовски 3, 95)
Група Ф:
Романија-Финска 1:1
(Хобан 91-Похјанпало 67)
Северна Ирска-Грција 3:1
(Дејвис 35, 58, Магенис 49-Аравидис 87)
Унгарија-Фарски острови 2:1
(Боде 63, 71-Јакобсен 11)
Група И:
Португалија-Данска 1:0
(Мутињо 66)
Албанија-Србија 0:2
(Коларов 91, Љајиќ 94).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
