Ружиќ – Царовска: Подобрување на научната и образовната соработка и образованието на националните малцинства
Министерката за образование и наука на Македонија, Мила Царовски и вицепремиерот на Владата на Србија и министер за образование, наука и технолошки развој, Бранко Ружиќ, денеска имаа средба во Белград на која разговарале за подобрување на научната и образовната соработка и образованието на националните малцинства, за чиј статус треба да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.
На прес-конференцијата, двајцата министри посочија дека билатералните односи меѓу Србија и Македонија се подобруваат, но и дека има простор за подобрување на соработката во областа на образованието и националните малцинства.
Министерката Царовска на средбата со Ружиќ ја истакна важноста од дигитализацијата низ која поминуваат образовните системи на двете земји и се согласи дека програмите на европските фондови се важни и за Македонија и за Србија.
– Сметам дека двете држави се соочуваат речиси со исти предизвици во делот на унапредување на квалитетот на образованието.Сведоци сме дека пандемијата предизвика потреба за брза дигитализација и подготовка за идни вакви предизвици. Ако продолжиме да ја интензивираме нашата соработка, заеднички ќе можеме да учиме од нашите искуства и да градиме резистентни образовни системи. Наскоро ќе ја потпишеме нашата соработка, која ќе ги содржи сите оние идни програми преку кои ќе може да аплицираме во европските фондови, изјави Царовска на прес – конференцијата.
Таа посочи дека има простор за подобрување на образовната и научната соработка и дека двете министерства веќе работат на новата програма за соработка за следниот период, соопштија од српското министерство за образование.
Министерот Ружиќ посочи дека во интерес на двете земји е заеднички да се појават со стратешки проекти пред програмите на ЕУ, како што се Хоризонт, Еразмус и слично.
-Нашата шанса се и регионалните иницијативи што можеме сами да ги дизајнираме и покренеме, со цел да го направиме целиот наш регион попривлечен за истражување, изјави министерот Ружиќ.
Ново на Сител
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога