Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите за можно повлекување на САД од Алијансата, изјавувајќи за неделното издание на весникот „Ди Велт“ дека не ги гледа САД како го напуштаат НАТО, јавува ДПА.
Тој, исто така, рече дека нуклеарната заштита на Европа од страна на САД не е доведена во прашање, опишувајќи го американскиот нуклеарен чадор како крајна гаранција за безбедноста во Европа и велејќи дека верува оти тоа ќе остане така.
Во последните недели, коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп ги поттикнаа стравувањата дека САД би можеле да го напуштат алијансата, потсетува германската агенција.
Трамп ја критикуваше, според него, недоволната поддршка од партнерите на НАТО за војната против Иран.
Американскиот Сенат ќе мора да одобри повлекување од НАТО со двотретинско мнозинство, што се смета за многу малку веројатно.
Руте се сретна со Трамп во Белата куќа минатата недела и потоа рече дека Трамп бил „очигледно разочаран“ од неколку земји-членки на трансатлантската алијанса, потсетува ДПА.
Точките на спорот вклучуваа користење на воени бази и мисија за обезбедување на Ормуската Теснина. Трамп постојано ги издвојуваше Шпанија, Франција и Обединетото Кралство.
Руте изјави за „Ди Велт“ дека ја разбира фрустрацијата на Трамп. Тој ја повика Европа да ја зајакне својата одбранбена индустрија, опишувајќи го ова како клучно за одджување на одвраќањето и одбраната, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
