Русофилството обвиткано во тајна во Германија
Дојче веле - Бон
Движењето Пегида, кое е против бранот на доселување во Германија и кое не ги крие своите десно-екстремни ставови, има симпатии и за Русија, т.е. за Владимир Путин.
Плоштадот пред познатата опера во Дрезден е полн. Три дена по терористичките напади во Париз, на традиционалното собирање во понеделник „Движење на европските патриоти против исламизација на Западот‟ (Пегида) собра 10.000 поддржувачи.
Тоа е неколку илјади повеќе од пред една недела, но далеку од масата која Пегида ја собираше на врвот на својата популарност. Сега, по терористичките напади, во Пегида сметаат дека нивните барања за спречување на доаѓање на бегалците во Европа, се потврдуваат. Тие и понатаму бараат промена на владата во Германија.
Возрасни луѓе со руски знамиња
И на 16 ноември се слушнаа познатите пароли: „Меркел мора да си оди‟, „Доста е терор‟ и сл. Многумина мафтаа со знамиња главно германски. Но, во морето собрани се истакнуваат и неколку десетици руски знамиња. Со најголемото мафта еден постар човек со побелена коса.
Тој вели дека се плаши од можна војна меѓу Русија и САД и го фали рускиот претседател Владимир Путин.
„Тој е политичар кој нешто презема. Нашите политичари само зборуваат‟.
Еден друг демонстрант вели дека тој сам додуша никогаш не го сретнал Путин, но неговиот поранешен шеф го сретнал. Путин и Дрезден ги поврзува тоа што актуелниот руски претседател за време на ДДР служел како агент на КГБ во саксонската престолнина.
Многу политиколози, како Кристијан Демут, сметаат дека Пегида масовно ја поддржуваат луѓе кои во режимот на ДДР играле важна улога, било како членови на владејачката партија СЕД или како службеници кодоши на злогласната тајна полиција Штази. Тоа навистина е само хипотеза, но на протестите на Пегида во очи паѓа дека руски знамиња главно ги мафтаат повозрасни луѓе.
„Путин, помогни ни‟
Ксенофобичната Пегида од самиот почеток покажуваше руски тенденции. Во „Дрезденските тензии‟, со своевидната програма на движењето, Пегида бара „нормализација на односите со Русија‟. На еден од првите протести се појави извесна „Анастазија од Русија‟, која од бината побара признавање на анексијата на Крим од страна на Русија.
Основачот на Пегида Лук Бахман демонстративно се фотографираше со руската бејкерска група „Ноќни волци‟, миленици на Кремељ кои подигнаа многу прашина со своите проруски тури по Европа. Но, Пегида обожува пред се еден човек – Владимир Путин.
Бахман на многу протести носеше маица со ликот на рускиот претседател. На многумина во ушите одѕвонуваат овие повици: „Меркел во Сибир, Путин во Берлин‟. Или едноставно: „Путин, помогни ни‟.
ДДР, антиамериканизам, Путин
И додека десниот радикализам и ксенофобијата на движењето станаа предмет на научни анализи, Пегидното русофилство се уште е обвиткано со тајна.
Експертите до кои се обрати Дојче веле, сметаат дека тука постојат три клучни аспекти: ДДР, антиамериканизмот и култот на Владимир Путин и неговиот систем на моќ.
„Жителите на поранешна Источна Германија, што е парадокс бидејќи тие од секогаш сакаа да се тргнат од Советите, својот идентитет го дефинираат и преку заедничкото германско-руско минато‟, вели Зилке Сатјуков од Универзитетот во Магдебург.
„Истокот на Германија секогаш беше поблизок со Русите отколку со западот. Тоа се виде и во текот на украинската криза. Граѓаните во источна Германија попрво се на руска отколку на украинска страна‟ - вели Сатуков.
Историчарот од Дрезден Јустус Улбрихт укажува и дека во источна Германија постои многу раширен антиамериканизам. „Да се биде проруски ориентиран, автоматски значи да се биде антиамерикански‟ - тврди Улбрихт.
Радикалите за Путин
Керстин Кедиц од партијата на Левицата, директни наследници на режимската Единствена социјалистичка партија на Германија (SED) зборува за атмосферата од поддршката на Владимир Путин. Смета дека следбениците на рускиот претседател во глава имаат слика на силен политичар на коњ. „За реалноста во Русија немаат многу сознанија‟ - вели Кедиц.
Путин е пример и за отворените десни екстремисти. Поранешните лидери на десно-радикалната Националдемократска партија на Германија (NDP) јавно ја поддржуваат политиката на Путин и жестоко се противат на санкциите против Кремељ.
Градот Дрезден, колевка на Пегида, негува посебен однос кон рускиот претседател. Путин во 2009 година беше одликуван со посебен медал за заслуги на полето на културните размени. Дрезден и Путиновиот Санкт Петербург се градови-партнери. Дрезден е посебно омилен кај руските туристи. И првиот германски огранок на државно финансираната фондација „Руски свет‟ е отворен во Дрезден.
Тие први би ме истерале
Но, шефот на канцеларијата на таа фондација во Дрезден Фолфганг Шелике се дистанцира од Пегида и нејзиниот водач Бахман кој поради судири со законот, го нарекува „криминалец‟. Заменикот на Шелике Виталија Колосник смета дека руските знамиња на протестите на Пегида претставуваат провокација.
Но, тука се и доселениците од руско потекло, ги има околу 15.000. Многу од нив одат на протестите на Пегида, бидејќи како што велат се плашат од „криминалот на муслиманските доселеници‟. Истовремено многу се свесни дека Пегида пред се е ксенофобично движење. „Ако тие дојдат на власт, луѓето како мене веднаш би ги истерале од земјата‟ - вели еден руски доселеник. Затоа се држи подалеку од редовните протести во понеделниците.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители