Руско МО: Терористите им наплатуваат на цивили по 300 долари за напуштање на Алепо

Терористите во Алепо не го намалуваат интензитетот на нападите врз станбени области во тој сириски град, а во изминатата ноќ успеале да побегнат само 12 луѓе. Тие успеале да побегнат од Алепо откако платиле зголемен паричен износ, соопшти руското МО.
Цената на слободата за цивили е околу 300 долари по човек што е астрономска бројка за жители на Алепо кои со години живеат под товар на контрола на терористите, јавуваат руски медиуми.
Руското МНР соопшти дека само 12 цивилли го напуштиле Алепо во изминатата ноќ и оти терористите во градот продолжуваат да бомбардираат и хуманитарни коридори.
- Според изјави на пребегнати, напуштање на Алепо е овозможено откако палтиле мито на командант на терористите во износ од 150.000 сириски лири (околу 300 долари) по лице, изјкави портпарол на Министерството.
– За да побегнат три лица требало да соберат 1,8 милиони лири колку што чинел сиот нивни имот, изјави Игор Конашенков.
Ново на Сител
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
