Руско МНР: Москва нема да остане без одговор на санкциите од САД
Русија нема да остане без одговор за новите санкции што ги воведе САД, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
– Крајно време е Вашингтон да ја отфрли илузијата дека може да користи јазик на санкции спрема Москва, се нагласува во соопштението.
– Не постојат мерки за притисок што може да ја одвратат Русија од нејзиниот курс. Санкциите само го обединуваат руското општество, се додава во соопштението.
Администрацијата на Трамп воведе дополнителни санкции спрема седум руски олигарси кои имаат врски со рускиот претседател Владимир Путин преку 12 компании што се во нивна сопственост или кои ги контролираат.
Со нив се опфатени и 17 претставници на руската Влада и руската државна компанија за трговија со оружје „Рособоронекспорт“, која има долгогодишни врски со Сирија и својата подружница - Банка на руската финансиска корпорација.
Ново на Сител
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите
-
Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија
-
Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар
-
Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта
-
Миланов: Контролата на безбедноста на храната е на АХВ, но одговорноста за небезбедна храна е на операторите
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции