Руско МНР: Лавров никогаш не зборувал за поделба на Македонија
Министерството за надворешни работи на Русија го оцени како „чиста провокација“ написот објавен од македонската редакција на Дојче веле, во кој, како што се наведува, бил направен обид на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да му се припише идејата за поделба на Македонија. Целта на написот, според официјална Москва, била „да се подгреат тензиите во Македонија“.
- Лавров никогаш не давал изјави со таква или слична содржина, туку напротив отсекогаш осудувал какви било слични наводи, се вели во реакцијата од руското МНР.
Идејата за поделба на Македонија, се посочува во соопштението, дојде од страна на американскиот конгреснмен Дејна Рорабахер.
- Очигледно е дека таа измислица е направена со провокативна цел за да се извалка имиџот на Русија на Балканот, но и да ги подгрее тензиите во Македонија, истакнува руското МНР.
Покрај тоа, се нагласува и дека администрациите на САД и на ЕУ, со користење на деструктивни методи како „шарени револуции“ и обидите да се воспостави владеење кое не е во согласност со јавното мислење, директно се мешаат во внатрешните работи на Македонија.
- Уверени сме дека таквите потези ќе доведат до поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, предупредува во реакцијата Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
Ново на Сител
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе