Руско МНР: 90 Македонци на фронтот во Украина, 30 се веќе убиени
Нови податоци од руското Министерство за надворешни работи, вкупно 90 македонски државјани се пријавиле да се борат на украинска страна, 30-мина од нив веќе се убиени.
„Од 24 февруари 2022 година, 13.387 странски платеници кои се борат за неонацистите пристигнаа во Украина. До денес, 5.962 од нив се елиминирани“, објави Министерството.
Според табелата објавена од руското Министерство, најмногу платеници се од Полска (2960). Убиени се 1497. Што се однесува до Европа, следуваат Велика Британија, Романија и Хрватска.
Руското министерство наведува дека 1.113 Американци дошле да се борат во Украина, од кои 491 биле елиминирани. По земјите од кои наводно пристигнале најмногу платеници следуваат Грузија (1042, од кои 561 се елиминирани) и Канада (1005, од кои 422 се елиминирани).
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?