Руските сили ноќеска го гаѓаа Киев со дронови
Во текот на ноќта руските сили го нападнаа Киев со беспилотни летала од различни правци, а противвоздушната одбрана го одби нападот, кој помина без жртви, изјави денеска шефот на градската воена управа Сергеј Попко.
„Седми воздушен напад на руските окупатори на Киев во септември. Непријателот повторно употреби нападни беспилотни летала, првично од типот ‘Шахед’. . .
Тревогата за воздушен напад на главниот град беше објавена три пати во Киев и траеше вкупно околу два часа“, напиша Попко на Телеграм.
Според него, руските сили ги лансирале првите групи дронови пред полноќ, но во текот на ноќта се повеќе беспилотни летала биле лансирани во украинскиот воздушен простор.
„Исто така, руски нападни беспилотни летала постојано влегуваа во Киев, од различни правци, главно еден по еден“, рече Попко.
Тој истакна дека силите за противвоздушна одбрана ги собориле сите цели на приодите кон главниот град. Според оперативниот извештај, во Киев нема жртви ниту материјална штета.
Исто така, од беспилотни летала „Шахед“ 14 лица се повредени во масовниот напад на руската армија врз градот Конотоп во областа Суми, соопшти денеска регионалната воена управа.
„Ноќта на 12 септември непријателот изврши масовен воздушен напад врз објектите на енергетската и цивилната инфраструктура на општина Конотоп.
Русите употребија беспилотни летала од типот Шахед, насочувајќи ги кон станбени згради, образовни и медицински установи“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад