Руските фудбалски клубови и репрезентации остануваат надвор од меѓународните натпреварувања
Одлуката за исклучување на руските фудбалски репрезентации и екипи од сите меѓународни натпреварувања останува на сила, соопшти Меѓународниот спортски суд во Лозана.
ФИФА, како и УЕФА, го суспендираа рускиот репрезентативен и клупски фудбал во февруари лани кога Русија воено ја нападна Украина. Одлуката потоа ја потврди и Судот во Лозана на 25 ноември. Тогаш беше одбиена и руската жалба на одлуката.
Агенцијата ДПА наведе дека Фудбалската Федерација на Русија имаше право да поднесе жалба на суспензијата до 13 јануари оваа година, но Судот во Лозана ја примил жалбата дури на 10 февруари.
Судот својата одлука за продолжување на суспензијата ја донел на 20 февруари, а официјално ја објави во четвртокот. Со тоа, сите споменати суспензии станаа и правосилни.
Ново на Сител
-
Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови
-
Индискиот авион се урнал врз хостел за лекари
-
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски
-
Кумановец ја силувал својата малолетна ќерка
-
Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
-
УНИЦЕФ: Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки
-
Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници
-
Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа