Руските дипломати го напуштаат конзулатот во Сан Франциско, остри реакции од Москва
Руското Министерство за надворешни работи ги обвини американските власти за директно кршење на имунитетот на руските дипломати со планираниот претрес на конзулатот во Сан Франциско, кој денеска ќе го изврши ФБИ.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова вчера изјави дека ќе биде извршен претрес и во становите на вработените во рускиот конзулат.
САД и наложија на Русја најдоцна до денес да го затвори својот конзулат во Сан Франциско, како и два објекта во Њујорк и Вашингтон, како одговор на тоа што Москва го намали американскиот дипломатски персонал во Русија.
- Барањето на американските власти претставува дирекна закана за безбедноста на руските државјани, истакна Захарова.
Таа нагласи дека „САД продолжуваат со влошување на веќе тензичната атмосфера во дијалогот со Русија со преземање на вакви акции“.
- Остро се спротивставуваме на потегот на Вашингтон со кој се игнорира меѓународното право, а како што е вообичаено во дипломатската пракса, ние го задржуваме правото да возвратиме. Тоа не е наш избор, туку сме принудени, додаде Захарова.
Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва подготвува „жесток одговор“ на одлуката на САД да го затвори конзулатот.
- Ќе подготвиме остар одговор на ваквите изненадувања кои имаат цел да ни наштетат и да ги загрозат нашите односи со САД, нагласи Лавров.
Руските дипломати веќе почнаа да ја напуштаат зградата на конзулатот во Сан Франциско. Тие изнесувале картонски кутии од објектот и ги ставале во автомобили. Неколку часа претходно црн густ чад се појави од оџакот на конзулатот, но руските службеници не им дозволиле на пожарникарите да влезат во зградата. Според некои западни медиуми, во каминот на конзулатот се палеле неидентификувани предмети.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст
-
Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот