Рускиот тајкун Абдулаев загина откако бил прегазен од „Лада Нива“
Поранешниот премиер на Дагестан, Магомед Абдулаев загинал во сообраќајна несреќа во Махачкаладодека поминувал улица надвор од обележаниот пешачки премин.
Тој бил прегазен од Лада нива, а возилото било управувано од 55-годишен маж. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде и починал.
Неговата смрт следи по низата смртни случаи на истакнати руски богаташи и функционери кои умреле под мистериозни околности од почетокот на инвазијата на Украина. Абдулаев инаку беше близок со поранешниот руски претседател и премиер Димитри Медведев, а беше и жесток поборник на војната во Украина.
Абдулаев беше премиер на Дагестан од 2010 до 2013 година. Против него во 2015 година беше поведена кривична постапка за злоупотреба на службената положба. Според истражителите, тој го оштетил Универзитетот за повеќе од 20 милиони рубли, наменети за исплата на паушали студентите. Истрагата беше завршена во 2017 година, но немаше судење.
Откако Русија ја нападна Украина, 10 руски олигарси и луѓе, поврзани со режимот на рускиот претседател Владимир Путин, загинаа под необјаснети околности
Ново на Сител
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
