Рускиот роман „Лав Толстој: Бегство од рајот“ преведен на македонски

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Лав Толстој: Бегство од рајот“ од рускиот писател Павел Басински, кој во 2010 година ја доби руската книжевна награда „Бољшаја книга“ (Голема книга).
Книгата е за последните денови на Лав Николаевич Толстој, кој пред повеќе од еден век, на 82 години, тајно ноќе побегнал од својот дом во Јасна Полјана во непознат правец.
- Многу легенди и митови оттогаш се поврзуваат со неговото заминување и неговата смрт. Писателот и новинар Басински врз основа на строго документирани материјали не предлага своја верзија на тој настан, туку негова жива реконструкција. Чекор по чекор може да ги проследите целиот живот и заминувањето на Лав Толстој, анализирајќи ги причините за неговата семејна драма и таинственоста за потпишувањето на неговото духовно завештание, наведува „Антолог“.
Книгата е објавена со поддршка на Институтот за книжевни преводи на Русија, а на македонски го преведе Ѓорѓи Крстевски.
Павел Басински (1961) е писател, книжевен критичар и публицист. Дипломирал книжевна теорија и критика. Предава литература и работи како уредник во весникот „Руска газета“. Член е на комисијата што ја доделува литературната награда именувана по рускиот писател Александар Солженицин. Автор е на голем број дела од областа на прозата и биографијата.
Ново на Сител
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
