Свет
28. September 2016 - 9:45

Рускиот патријарх Кирил бара забрана на абортусот

Патријархот московски и серуски Кирил потпиша писмо во коешто се повикува на потполна забрана на абортусот во Русија, соопшти за медиумите Александар Волков, портпарол на поглаварот на Руската православна црква, јави РТС.

Иницијативата која е покрената во согласност со Комисијата за семејни прашања, заштита на мајчинството и детинството на Руската православна црква, меѓу другото, повикува и оние бебиња кои се штотуку зачнати, да се прогласат за човечки суштества, со законско право на живот, здравје и благосостојба. 3а собирање на потписите за иницијативата се задолжени Руското општествено движење „За живот" и здружението „Православни доброволци".

Во документот понатаму се предлага забрана на престанок на бременоста, хируршки или со помош на лекови, средстава против контрацепција и други помошни репродуктивни помагала, коишто се составен дел, како што се наведува, „понижувањата на човековото достоинство и убиствата на деца кои се наоѓаат во почетната фаза на својот ембрионален развој“.

- По потпишувањето на писмото, патријархот Кирил им се заблагодари на учесниците во акцијата и ги благослови, додаде Волков.

Иницијаторите предлагаат на бремените жени и на семејствата да им се даде материјална помош од федералниот буџет во висина на минимална плата.