Рускиот и кинескиот претседател разговараа за билатералната соработка
Рускиот претседател Владимир Путин на вчерашната средба со кинескиот претседател Си Џипинг истакна дека Русија со заеднички напори со Кина може да ги реши сите задачи и да ги надмине сите потешкотии, јави ТАСС.
Според изјавите на кинеската делегација, Путин и Си во Уфа, 1.170 километри источно од Москва, се договориле да го развиваат партнерството во трговско-економската и во енергетската сфера.
Путин во Уфа, каде почна самитот на Групата Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка (БРИКС) одржа билатерални средби со лидерите на земјите од групата.
Претставникот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Путин ги поканил кинеските компании на економскиот форум на рускиот Далечен Исток во Владивосток, што ќе се одржи на почетокот на септември.
Песков наведе и дека Путин планира да ја посети Кина на 3. септември.
Во главниот град на руската република Башкирија од осми до 10 јули се одржуваат самитите на БРИКС и на Шангајската организација за соработка (ССОС - Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Русија).
Ново на Сител
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Средба Мицкоски - Ердоган
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија