-->
-->
Рускиот хор „Пјатницки“ вечер ќе гостува во Струмица
-->
Рускиот државен академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ во рамки на Деновите на руската култура вечер ќе настапи во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
- Ретка е можноста да се гледа ваков спектакл во Струмица. На нивниот репортоар се најпознатите руски песни и ора. Костимографијата и носиите се вистинска уметност. Тука ќе настапат повеќе од 40 изведувачи, изјави Кирил Козаров, директор на струмичкиот Центар за култура.
Државниот академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ постои од 1911 година и е именуван по неговиот основач.
Хорот во Македонија има два концерта - 25-ти во Скопје и на 26 октомври во Струмица. Деновите на руската култура од 18-ти до 28 октомври се одржуваат во земји од Централна и од Југоисточна Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК го заклучи избирачкиот список - Право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
СДСМ: Просечната плата паѓа, а со тоа и животниот стандард на граѓаните
-
Владата инвестира 198 милиони денари за довршување на театарот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“