Рускиот амбасадор во посета на Општина Кисела Вода
Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин денеска ја посети Општина Кисела Вода и имаше средба со градоначалникот Филип Темелковски.
На средбата се дискутираше за актуелните состојби во Општина Кисела Вода, како и за сето она што се презема за да се надмине проблематичниот период поврзан со коронавирусот. Во пресрет на Денот на раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин, кој Општина Кисела Вода го празнува секој 6-ти јуни со манифестацијата „Пушкинови денови“, градоначалникот и амбасадорот ги договараа насоките за годинашното одбележување кое, согласно условите ќе мора да има видоизменет карактер.
Идејата за одржување на ова културно збиднување датира од 2009 година, на заедничка иницијатива од Амбасадата на Руската Федерација и Општина Кисела Вода, во знак на продлабочување на културната соработка помеѓу двете пријателски земји. Во контекст на пријателството, во Општина Кисела Вода е именуван парк Пушкин, каде постои и биста на овој великан, а исто така, неговото име го носи и една улица во општината.
Средбата со рускиот амбасадор Баздникин беше заокружена со идеи за нови соработки, соопшти Општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници