Свет
9. May 2022 - 13:48

Рускиот амбасадор во Полска полеан со црвена боја | ВИДЕО

Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андрејев, денеска бил нападнат додека се обидувал да положи цвеќе на воените меморијални гробишта на советските војници во Варшава, кога тој, неговата сопруга и група дипломати кои го придружувале биле испрскани со црвена боја, пренесува ТАСС.

Амбасадорот не продолжил кон спомен-обележјето. Полицијата, која пристигнала на местото на настанот неколку минути подоцна, ги опколила дипломатите и им помогнала да стигнат до автомобилот.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека нападот врз рускиот амбасадор во Варшава го одразува курсот на Западот кон реинкарнација на фашизмот, пренесуваат медиумите.