Свет
11. May 2016 - 21:57

Руски војник убиен во Сирија

Руски војник е убиен при напад на бунтовниците во централната сириска провинција Хомс, соопшти денеска претставник на руските сили во Сирија.

Како што јави ТАСС, војникот бил ранет при нападот што се случил пред два дена, по што веднаш бил пренесен в болница, каде и покрај напорите на руските лекари денеска им подлегнал на здобиените повреди.

Војникот, кој е постхумно одликуван, бил ранет додека придружувал возила на рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија.