Руски воени инспектори ќе извршуваат набљудувачки летови над Турција
Руски воени инспектори ќе извршуваат набљудувачки летови над територијата на Турција во рамки на Договорот за отворено небо, соопшти руското Министерство за одбрана.
- Во рамки на спроведување на меѓународниот Договор за отворено небо група руски инспектори планираат да извршуваат набљудуваки летови со руски авион „Ан-30Б“ на територијата на Турција. Набљудувачките летови ќе бидат извршувани во период меѓу 14 и 18 декември 2015 година од аеродромот Ерзурум со максимален дострел од 1.500 километри, изјави началникот на националниот Центар за намалување на нуклеарната опасност, Сергеј Рижков.
Според него летовите ќе бидат извршувани по маршрута, која ќе биде усогласена со Турција и во авионот ќе има и турски експерти, кои ќе го контролираат извршувањето на набљудувањето и ќе го следат почитувањето на договорот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година