Руски воени бродови впловија во Црвено Море
Руски воени бродови од Пацифичката флота го преминаа теснецот Баб-ел-Мандеб и влегоа во Црвеното Море, објави државната новинска агенција Тасс.
Флотата е составена од крстосувачот „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“.
– Бродовите ги извршуваат поставените задачи во рамките на поморската кампања на долг дострел, се наведува во соопштението, но не е наведена крајната дестинација на бродовите, ниту пак причината поради која Русија ги испратила бродовите во регионот.
Хутите со месеци вршат напади врз бродови во Црвено Море како одмазда за израелските воени акции во Појасот Газа, принудувајќи многу бродови да ги пренасочат патувањата.
Но, Хутите претходно соопштија дека бродови на Кина и на Русија можат да пловат низ Црвено Море и Аденски Залив и оти нема да бидат нападнати.
Во замена, тие побараа Кина и Русија да им дадат политичка поддршка на Хутите во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО