Свет
17. October 2022 - 19:11

Руски воен авион се урна врз станбена зграда во Русија

Руското Министерство за одбрана изјави дека се урнал ловец-бомбардер Су-34 во станбен блок во Русија.

Инцидентот се случил поради пожар во авионот кој се случил по полетувањето на авионот, по што немало спас за леталото, иако пилотите се катапултирале.

При ударот била забележана голема експлозија која предизвикала пожар во зграда од девет ката, а засега не е познат бројот на повредени и жртви.