Руски пратеници: Аја Софија да се врати на христијанската црква
Пратениците во Руската дума би ја поддржале идејата од Турција да се бара враќање на истанбулската Аја Софија на христијанството, тврди претставник на комитетот на Думата за прашања за имотот.
Пратеникот Сергеј Гаврилов, член на Комунистичката партија, кој е и на чело на меѓупартиската група за заштита на христијанските вредности вели дека тоа би било пријателски чин.
- Очекуваме таков гест од Турција, враќање на Аја Софија на христијанската црква. Русија е подготвена материјално да се ангажира и за реставрација да ги задолжи најдобрите експерти и научници, рече Гаврилов.
Според него, тоа би бил голем чекор со кој, по уривањето на рускиот авион, „Турција и исламот би покажале дека добрата волја е над политиката“.
- Турско-руските односи минуваат низ тест на издржливост, па секоја пријателска иницијатива би била од големо значење. Враќањето на Аја Софија би бил искрен чекор. Ние чекаме, рече Гаврилов.
Аја Софија или Црква на светата мудрост е ремек дело на византиската архитектура и едно од највпечатливите зданија во Истанбул. Изградена е како христијанска црква во шестиот век, за да во 15 век била претворена во џамија со изградба на четири минариња за време на отоманската окупација на градот. Кемал Ататурк ја претвори во музеј во 1935 година.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво