Руски пливач исчезна при препливување на Босфор

Руски 29-годишен пливач исчезна во неделата за време на традиционалното годишно пливање преку Босфорскиот теснец, соопшти денеска Турскиот олимписки комитет во чија организација се одржа Босфорската интерконтинентална пливачка трка.
Рускиот пливач се натпреваруваше на 37 издание на популарната трка во должина од 6,5 километри, која е предизвик за натпреварувачите поради силните струи низ теснецот помеѓу Азија и Европа. Учествуваа повеќе од 2.800 пливачи од 81 земја.
„Тесно соработуваме со крајбрежната стража и полицијата за да го расветлиме овој инцидент“, се вели во соопштението на Турскиот олимписки комитет (TMOK).
„Трката завршува два часа откако последниот пливач ќе влезе во водата. На крајот, целата патека беше проверена и беше утврдено дека нема повеќе пливачи во водата.“
Бродскиот и товарниот сообраќај беа во прекин за време на трката.
Босфорот го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а преку Дарданелите со Егејското и Средоземното Море.
Ново на Сител
-

Хамилтон: Се чувствувам одлично во Ферари
-

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
-

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер
-

Унгарската владејачка партија предлага ограничување на премиерскиот мандат на осум години
-

Кајли Миног за борбата со ракот: Траумата сè уште ме прогонува
-

Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ
