Руски новинар претепан за време на директно вклучување во програма
Руски новинар доби удар со тупаница во лицето во текот на директeн вклучување во телевизиската програма од традиционалната прослава на падобранците во Москва.
Никита Развозхаев, репоретер на каналот НТВ извествувал од прославата, додека во позадина се слушало довикување на брадест човек, кој коментирал за односите меѓу Русија и Укриана, но и за работата на телевизијата, за која очигледно смета дека известува во корист на Киев.
Кога Развозхаев го замолил да биде потивок, човекот му се приближил и го удрил со тупаница по лицето.
- Ако така зборуваш со мене, еве што ќе добиеш, додаде насилникот.
Полицијата го откри идентитетот на напаѓачот, кој е идентификуван како „руски националист“ по име Дмитриј Орлов, кој никогаш не служел во падобранскате единица.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон