Руски медиуми: „Адмирал Кузњецов“ се вклучува во борба против милитантите од ИД
Претседателот на Русија Владимир Путин се подготвува да го испрати најголемиот руски воен брод, носачот на авиони Адмирал Кузњецов во Сирија.
Руски медиуми јавуваат дека доаѓањето на тој брод ќе значи силен удар врз милитантите од ИД со оглед дека се работи за голем носач на авиони.
Агенцијата Тасс јави дека рускиот носач на авиони би требало да почне со учество во борби против ИД во периодот од октомври 2016 година и јануари 2017 година. Најавите за повторно учество на Русија се случуваат по неколку големи напади на џихадисти во Истанбул, Дака и Багдад.
Неименуван воен извор за Тасс вели дека во подготовка е план за учество на Адмирал Кузњецов во акции со воздушни удари врз позициина џихадистите во Сирија. Воениот брод би бил усидрен близу сирискиот брег за да може авиони да извршуваат акции без враќање во други бази.
Кузњецов е долг 305 метри, и може да прими 41 воен авион и 18 хеликоптери.
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО