-->
-->
Руски борбен авион непланирано испуштил муниција во Белгород, две лица се повредени
-->
Москва утринава соопшти дека борбен авион непланирано испуштил муниција над рускиот град Белгород и дека во експлозијата се повредени две лица.
„За време на летот на авионот Су-34 на Военото воздухопловство над градот Белгород дошло до неочекувано испуштање на муниција“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Властите на Белгород, недалеку од украинската граница, синоќа пријавиле силна експлозија по која се создал кратер.
Руски воени авиони редовно летаат над Белгород од почетокот на офанзивата на Москва против Украина во февруари 2022 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо