Руски балистички ракети врз Киев, две лица загинати, три повредени

Руските сили рано утрово со балистички ракети го нападнаа главниот град на Украина, Киев, при што загинаа две лица, а три се повредени, додека остатоци од ракетите паднале во неколку градски населби, соопшти градоначалникот, Виталиј Кличко.
Кличко преку апликацијата за размена на пораки „Телеграм“ објави дека едно од загинатите лица се наоѓало на паркинг на породилиште, додека сите тројца повредени се медицински персонал. Оштетен е дел од фасадата на болницата, како и блиската клиника.
Остатоци од ракети паднале во три градски населби, а Кличко соопшти дека е уништен и дел од станбен објект.
„Во Днипровската област остатоци паднаа во дворот на приватна куќа“, напиша Кличко. „Можно е луѓе да се затрупани под урнатините“. Тој ги повика жителите да останат во засолништата.
Очевидци изјавија дека ноќеска по полноќ по локално време се слушнале неколку експлозии. На неофицијални канали на „Телеграм“ се објавени снимки опишани како „пожар што го осветлува хоризонтот“.
Руските сили во текот на вчерашниот ден извршиле продолжени напади врз цели во Украина, при што, според Кличко, загинале две лица, а 45 биле повредени.
MИА
Ново на Сител
-

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 - напредок и реформи“
-

Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа
-

Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра
-

Масакр во Турција: Осум лица убиени, убиецот е во бегство
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
