Свет
28. February 2022 - 8:31

Руската рубља падна за 26 проценти по санкциите на Западот

Руската валута, рубљата, падна за 26 отсто откако САД и другите западни земји ја блокираа руската централна банка и некои други руски банки од банкарскиот систем СВИФТ.

Падот на рубљата во однос на доларот во еден момент во текот на ноќта изнесуваше 40 отсто.