-->
-->
Руската морнарица лансираше ракета од Јапонското Море и погоди цел оддалечена над 1.000 километри
-->
Руска подморница успешно ја лансираше крстосувачка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, која се наоѓа на руско полигон на копно.
Дизел-електричната подморница на Пацифичката флота Петропавловск-Камчатски погоди крајбрежна цел на дострел од 1.000 километри со крстосувачката ракета Калибр од Јапонското Море, објави денеска прес-службата на флотата, пренесува ТАСС.
„Крстосувачката ракета „Калибр“ ја погоди крајбрежната цел на полигонот Сјуркум во планираното време“, соопшти прес-службата.
Пред лансирањето на проектилот, подморниците изведоа тактички маневар за скришно распоредување во областа на извршување на зададените мисии, соопшти прес-службата. Вежбата вклучуваше и тајни движења и поддршка за воени бродови, авиони и беспилотни летала, соопшти руската пацифичка морнарица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина