Руската делегација ја напушти салата на ГС на ОН за време на обраќањето на Порошенко
Руската делегација ја напушти салата на Генералното собрание на Обединетите нации за време на обраќањето на украинскиот претседател Петро Порошенко на самитот за одржлив развој, изјави висок руски дипломат, јави ТАСС.
- Ја напуштаме салата во знак на протест против отворено политизираниот и агресивниот говор, кој воопшто не одговараше на темата на средбата, рече дипломатот.
Порошенко во својот говор истакна дека Украина нема да ги исполни целите на ОН за одржлив развој се додека Русија не ја прекине воената агресија против земјата.
Порошенко изјави дека мирот и слободата се неопходни за постигнување на целите за одржлив развој во следните 15 години, но напомена дека руските дејствија и пречат на Украина да напредува на тој пат.
- Одржлив развој не се случува додека се слушаат експлозии и се убиваат цивили, додаде Порошенко.
Ново на Сител
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице