Руска затворска служба: Почина Алексеј Навални
Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна.
Во поправната колонија број 3, осуденикот А. А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш ја изгубил свеста, се вели во соопштението на веб-страницата на затворот.
Се додава дека веднаш пристигнале медицинските работници на установата и дека „повикана е Итна помош“.
„Извршени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденото лице. Се утврдуваат причините за смртта", се вели во соопштението на Федералната служба за извршување на кривични санкции.
Навални беше познат како остар критичар на Кремљ.
Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна за наводен екстремизам, како и голем број други обвиненија. Беше уапсен на 17 јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од последиците од наводното труење. За труењето беше обвинет Кремљ, кој негираше вмешаност.
Ново на Сител
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти