Руска класична музика на концертот за Божик на Филхармонијата
Македонската филхармонија на 7 јануари од 12 часот во Македонскиот народен театар ќе изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.
Оркестарот ќе изведе дел од најубавите композиции на руската класична музика - свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс - фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски.
Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма.
- Кон крајот на јануари е концертот „Танц на судбината“ со Мартина Фиљак на пијано од Хрватска и маестро Емил Табаков како диригент, а ќе биде изведен Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Лист и грандиозната Петта симфонија од Густав Малер, една од најдобрите симфонии воопшто, за која посебно се подготвуваме. Следуваат концертите во февруари, првиот по повод Денот на вљубените кој ни стана традиција, овој пат насловен „Некој ме гледа романтично“ со маестро Кеј Скалионе и сопранот Голда Шулц од САД со пригодна програма, додека вториот е, исто така, мошне возбудлив - „Клецмер фешта“ со виртуозот на кларинет Исмаил Лумановски и диригентот Дорон Соломон, соопшти Филхармонијата.
Ги најави и концертите „Од Русија со љубов“ со солистката на виолина Анна Кондратенко, „Црн бран“ со пијанистот Евгениј Корољов, а на тој концерт премиерно ќе прозвучи маестралното дело на Џон Адамс - „Сити ноар“, потоа „Во боите на барокот“ со Дритон Гаџа на виола како солист, циклусот „Алхемија“ со два концерта - со Ави Аватал од Израел на мандолина и Џо Пауерс на усна хармоника од САД, „Острвска инспирација“ со Сајака Шоџи на виолина од Јапонија итн.
- Посебно доживување и оваа година ќе бидат Симфониските концерти за деца, со кои Македонската филхармонија ќе гостува и во другите градови во земјава, информира Филхармонијата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата