Русите тврдат дека го онеспособиле главниот центар за врски на украинската армија

Руската армија денеска го онеспособи главниот комуникациски центар на вооружените сили на Украина во предградието на Киев, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Утрото на 12 март, високопрецизно оружје со долг дострел ја погоди украинската воена инфраструктура. Воениот аеродром во Василково и главниот центар на радио и електронската разузнавачка служба на Вооружените сили на Украина во Бровари беа ставени вон функција, соопшти Конашенков.
Тој исто така рече дека руските сили уништиле „речиси 3.500 украински воени објекти од почетокот на воените операции во Украина“.
За време на операцијата вон функција се ставени 3.491 објекти на украинската воена инфраструктура, уништени се 123 беспилотни летала, 1.127 тенкови и други оклопни борбени возила, 115 повеќецевни ракетни системи, 423 полски артилериски и минофрлачки топови, 934 специјални воени возила, рече Конашенков.
Ново на Сител
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
