Свет
24. July 2019 - 8:33

Русите предлагаат формирање организација за безбедност во Заливот

Русија повика на формирање организација за безбедносна соработка во Персискиот Залив, соопшти руското МНР.

– Практичните чекори кон придвижување на процесот би можеле да се состојат од билатерални и мултилатерални состаноци на страни кои се засегнати со оваа тема, вклучувајќи и држави во регионот и оние кои не се тоа, Советот за безбедност на ОН, Арапската лига, Организацијата на исламски држави и Советот за соработка на арапските држави во Заливот, сто во соопштение на руското МНР.

Според Министерството, состаноците ќе послужат како подготовка за меѓународна конференција за безбедност и соработка во Персискиот Залив.

Долгорочна цел е основање организација за соработка и безбедност во Заливот во која ќе бидат вклучени и Русија, Кина, САД, Европската унија, Индија и други партнери.