Русинка се развела од мажот и ослабела 100 килограми - сега има нова цел: Решив да го освојам Роналдо
Русинката Марина Богомолова, која живее во градот Пенза, еден од најжестоките фанови на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.
Осве тоа што својот дом го преуредила, односно го декорирала со фотографии од фудбалскиот ас, таа отиде и неколку чекори понатаму - се разведе од сопругот, ослабе 94 килограми и научи англиски јазик. Освен тоа Марина запиша и училиште за фудбал каде научи да жонглира.
-Пред половина година го оставив мажот. Како што велат, новата љубов не треба да трпи. Решив да го освојам Кристијано Роналдо, самоуверено вели Русинката.
Нејзината драстична промена во животот почна кон крајот на 2017 година. Во текот на новогодишните празници реши да се разведе, а освен што го напушти сопругот, Марина почна и строг режим на исхрана... За само 6 месеци ослабе неверојатни 94 килограми, а со тоа беше поблиску до Роналдо.
„За Нова година имав 209 килограми, а сега 115 килограми. Но нема да се задржам на тоа. Тренирам пет пати неделно, истакна Марина, која веќе неколку месеци оди на часови по англиски јазик, а се надева дека и Роналдо би научил нешто руски.
-Бидејќи Роналдо едно време беше во врска со супермоделот Ирина Шајк, мислам дека морал да научи руски јазик. Ако не, јас го усовршувам англискиот, па лесно ќе се разбереме, вели таа.
Марина на крајот објасни дека освен изгледот на Роналдо ја привлекува и неговата внатрешна убавина и хуманост, која според неговото мислење, вистинскиот маж треба да ја поседува.
„Кога бирате некој секогаш треба да се трудите да го изберете најдобриот. Затоа го избрав Роналдо. Тој е многу харизматична личност, физички совршен. Има добро срце, го интесира хуманитарната работа“, вели Марина.
Инаку, оваа симпатична Русинка во текот на Светското првенство изработи дрес на кој пишува: Марина Роналдо.
Ново на Сител
-
Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата