-->
-->
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-->
Украинските системи за противвоздушна одбрана ги уништија сите 13 беспилотни летала што Русија ги истрела кон Украина во последниот напад, соопшти денеска украинското воздухопловство, пренесе Ројтерс.
Во соопштението за Телеграм, украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија истрелала и две балистички ракети „Искандер“, но не кажа што се случило со нив.
Но, руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека ракетите „Искандер“ уништиле два лансира за ракетите земја-воздух „Патриот“ во украинската област Одеса, јавија британските медиуми.
Нападот се случил во областа на населбата Јужное, соопшти руското министерство. Покрај ракетните лансири, додаваат оттаму, во нападот со руските ракети била уништена и радарската станица „Жирафа“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите