Русија тврди дека соборила десетици украински беспилотни летала насочени кон Москва
Украина се обиде да ја нападне Москва со десетици беспилотни летала, соопштија синоќа руските власти, само еден ден откако украинските власти информираа дека Русија го извршила најголемиот напад со беспилотни летала врз Киев од почетокот на војната во 2022 година.
Руската противвоздушна одбрана собори најмалку 24 беспилотни летала над областа околу Москва, но не вклучувајќи го главниот град, и над четири други провинции на југ и запад, соопштија руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин во серија изјави на Телеграм.
Тие не соопштија дали има жртви. Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов преку Телеграм соопшти дека во нападите со дронови се оштетени три згради, наведувајќи дека нема повредени.
Беспилотно летало удрило во дванаесеткатна станбена зграда во западниот руски град Тула, на околу 180 километри јужно од Москва, при што полесно е повредено едно лице и причинета е ограничена штета, напиша локалниот гувернер Алексеј Дјумин на Телеграм.
Московските аеродроми Внуково и Домодедово беа накратко затворени поради напади со беспилотни летала, јави руската државна новинска агенција Тасс.
Според податоците на меѓународните портали за следење летови, двата продолжија со редовните операции вчера до 6 часот наутро.
Украинските власти веднаш не ги коментираа нападите, кои уследија еден ден откако Русија го нападна главниот град на Украина со 60 беспилотни летала Шахед.
Украинските воздухопловни сили вчераизутрина соопштија дека собориле осум од деветте беспилотни летала Шахед, испукани од руските сили во текот на ноќта.
Ново на Сител
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''